Фудбалерот на Вулверхемптон, Жоао Гомес, речиси сигурно ќе ги напушти „волците“ во наредниот трансфер период наведуваат дел од медиумите во Англија.
Според нив, тој се наоѓа на радарот на клубови од Шпанија, Италија и Премиер-лигата. Тука во преден план се наметнува Манчестер Јунајтед, кој најави дека сериозно размислува да испрати понуда за одличниот Бразилец.
24-годишниот фудбалер во сезонава се појави на 20 натпревари во елитата на Англија.

