Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, се осврна на вчерашното реми на домашен терен со Барнли во меч од елитната фудбалска конкуренција на Англија.
„Ние сме Ливерпул, игравме против Барнли и мора да им оддадеме признание за тоа како се бранеа и како ги направија сите работи. Целосно го разбирам разочарувањето на навивачите“ – рече Слот.
„Можам да ви кажам дека се чувствувам исто како и играчите. Сите сакаме да победуваме“ – нагласи тренерот на „црвените“.

