Македонскиот фудбалски репрезентативец Стефан Ашковски својата кариера ја продолжува во иранскиот прволигаш Мес Рафсанјан.
33-годишниот лев дефанзивец и официјално е промовиран како нов фудбалер на Мес Рафсанјан, откако се одлучи да ја прекине соработката со српскиот суперлигаш Раднички Ниш.
Претходно во својата кариера Ашковски има настапи и за белградски Партизан, норвешки Штромгосет, холандска Фортуна Ситард, Славија Софија, романските Ботошани и Сепси, полската Горник Лечна и други екипи, но и Шкендија во македонското првенство.
Ова ќе биде 11 земја во која Ашковски има настапувано во ноеговата интернационална кариера.

