Денеска во Фудбалската федерација на Македонија беше извршена ждрепката за четвртфиналната фаза од Купот на Македонија.
Бранителот на трофејот и есенски шампион, Вардар, за противник го доби второлигашкиот лидер, Охрид Лихнидос. Дербито на четвртфиналето ќе се игра во Струга, каде финалистот од минатата година ќе го пречека актуелниот шампион на Македонија, тетовска Шкендија.
Во останатите два меча, Работнички за противник ја доби Шкендија од Арачиново, додека екипата на Силекс ќе гостува во Радовиш кај Детонит Плачковица.
КУП НА МАКЕДОНИЈА:
ЧЕТВРТФИНАЛЕ:
Вардар – Охрид Лихнидос
Струга – Шкендија
Шкендија Арачиново – Работнички
Детонит Плачковица – Силекс
Натпреварите се играат на 25-ти февруари. Се игра само еден меч.

