Во рамките на својата работна посета во Анталија, претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ вчера беше во посета на македонските фудбалски екипи кои ги реализираат своите зимски подготовки во овој турустички центар.
Откако најпрво го посети Тиквеш, беше во посета на Вардар, а потоа и во кампот на Шкендија и Силекс, за посетите д аги заврши во кампот на Струга ТЛ.

Со тоа Омерагиќ вчера имаше целодневна активност со македонските клубови кои се подготвуваат во Турција за време на зимската пауза.
Во следните неколку дена Омерагиќ ќе ги посети и останатите наши клубови тука, а многу веројатно ќе следи и некоја од пријателските средби кои ќе ги одиграат нашите екипи.

