Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Вардар ги продолжи договорите со двајца важни првотимци
    Фудбал

    Вардар ги продолжи договорите со двајца важни првотимци

    risteBy riste24/01/2026No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Додека е на подготовки во Турција, есенскиот шампион во Првата македонска фудбалска лига, Вардар, ги продолжува договорите со играчите на кои ќе смета во наредниот период.

    Од Вардар објавија дека ги продолжиле договорите со двајца првотимци. Во вардаровото семејство остануваат Георгие Јанкулов и Мислав Матиќ. Двајцата се согласија на нови договори кои сега ќе имаат важност до јули 2028 година. 

    26-годишниот Матиќ во Вардар пристигна пред точно една година, а во својата кариера има настапувано за Рудеж, Шибеник, Локомотива Загреб од Хрватска, како и Минај од Украина.

    Една година во дресот на Вардар помина и десниот бек Јанкулов, кој дојде од Брера, а претходно има настапи за Силекс и Борец од Македонија, како и за младинската школа на Црвена Звезда и за тимот на Железничар од Панчево.

    Вардар моментално ги реализира своите подготовки во Анталија, Турција, каде што ќе одигра неколку пријателски натпревари. 

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.