Поранешниот дефанзивец на Реал Мадрид и шпанската репрезентација, Серхио Рамос, заедно со „Фајв Илевен Капитал“, постигнаа принципиелен договор со акционерите на Севиља за купување на клубот, објави „Кадена Сер“.
39-годишниот поранешен фудбалер и неговите партнери моментално ги разгледуваат финансиските извештаи на Севиља и планираат да го склучат договорот во рок од неколку месеци.
Според изворот, понудата за купување на клубот била 450 милиони евра и била одобрена од акционерите. Рамос играше за Севиља од 2003 до 2005 година и повторно во сезоната 2023/24.

