Фудбалерите на Тотенхем, Вилсон Одобер и Рендал Коло Муани, вчера беа вклучени во сообраќајна несреќа додека патувале кон аеродромот пред натпреварот од Лигата на шампионите против Ајнтрахт Франкфурт.
Инцидентот се случил на прометниот автопат во Хартфордшир откако пукнала гума на едно од возилата.
Менаџерот, Томас Франк, потврди дека двајцата играчи не се повредени во инцидентот и дека ќе бидат присутни на денешниот натпревар во Германија.

