Играчот од средниот ред на Барселона, Фермин Лопез (22), наскоро треба да потпише нов договор со каталонскиот клуб, со што ќе остане во клубот до јуни 2031 година, објавија шпанските медиуми.
Лопез и Барселона постигнаа усмен договор за продолжување на соработката според кој шпанскиот играч од средниот ред ќе заработува значително поголема плата. Новиот договор ќе му овозможи на Лопез да остане на „Камп Ноу“ уште две години, до јуни 2031 година.
Иако не е редовен првотимец, Лопез постигна осум гола и имаше десет асистенции минатата сезона. Челзи беше заинтересиран за него минатото лето, но Лопез одлучи да остане во Барселона. И оваа сезона Фермин Лопез игра во одлична форма и на 25 натпревари постгна десет гола и десет асистенции.

