Карлос Алкараз го победи Новак Ѓоковиќ во финалето на Австралија Опен со резултат од 3:1 во сетови, а со таа победа постигна подвиг на кој се чекаше дури 88 години.
Имено, Алкараз денес испиша историја и стана најмладиот играч кој ги освоил сите четири големи тениски титули.
Алкараз, кој ги имаше трофеите од Вимблдон, Ролан Гарос и УС Опен во своите витрини, со победата на Австралија Опен денес стана само деветтиот играч во историјата што ги освоил сите четири Гренд Слем турнири, а со 22 години и 272 дена стана најмладиот играч што го сторил тоа.
Претходниот рекорд траеше 88 години, а го постави Дон Баџ, кој славеше на Ролан Гарос во 1938 година, два дена пред неговиот 23-ти роденден.

