Во терминот од 2-5 февруари во Осло во организација на УЕФА и на Норвешката фудбалска асоцијација се одржа семинар на тема скаутинг во фудбалот под назив – „Таlent ID“.
Локацијата не е случајно избрана бидејќи Скандинавската земја го има еден од најдобрите голгетери на денешницата, Ерлинг Халанд како и екипата на Бодо која е учесник во Лигата на шампионите. Македонија и ФФМ на семинарот ги претставуваа Никола Новески-главен скаут и Влатко Томовски – скаут.
Според наши сознанија, двајцата исклучително добро се претставиле во одредени елементи на идентификација на таленти особено во делот на практично функционирање на проценката на скаутите. Тоа треба да биде стимул за развивање на таквата експертска работа која добива се повеќе простор во федерациите вклучително и во ФФМ како и во добро организираните клубови.

