Македонските таеквондисти, Дејан Георгиевски и Мила Рељиќ, продолжуваат со фантастични настапи на силните Г1 турнири. Тие викендов се враќаат со две бронзени медали од силниот Австрија Опен Г1 турнир во Инсбрук.
Дејан Георгиевски во сениорска конкуренција во категорија + 87 кг. освои бронзен медал откако обезбеди победи над Трајковиќ и Дивковиќ од Словенија во првите две борби, а во полуфиналето беше поразен од Аболфазл Абасипоуја.
Нашата Мила Рељиќ исто така трна со победи, но во првите три средби пред да биде запрена во полуфиналето. Мила ги победи во категоријата -62 гк. Менди од Сенегал со 2:0, Леонова од Украина со 2:0, Кичема од Хрватска со 2:1, а во полуфиналето загбуби од Јулија Шпак со 0:2.

