Фудбалерот на Манчестер Сити, Бернардо Силва, се осврна на викенд-победата на теренот на Ливерпул во дерби дуелот на Премиер-лигата на Англија.
„Нерешено тука е обично добар резултат за повеќето тимови но, сакавме да го постигнеме победничкиот гол. Кога постигнав гол, бев среќен но знаев дека морам да се вложам повеќе“ – рече Силва.
„Мислам дека целиот тим знаеше дека ако го изгубиме овој натпревар, трката за пехарот ќе заврши. Ќе се бориме до самиот крај“ – рече Силва.

