Фудбалерот, Федерико Димарко, може да ја продолжи соработката со Интер до 2030 година, објавија дел од медиумите во Италија.
Одличниот дефанзивец кој дејствува по страничните позиции е производ на Академијата на „нероаѕурите“. Тој во еден период играше како позајмен во Сион, Парма, Верона и Асколи.
Димарко кој има договор до летото во 2027 година, во сезонава одигра 31 натпревар со ефект од 6 голови и 13 асистенции.

