Македонскиот нордиски скијач Ставре Јада денес го имаше својот прв настап на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина.
Во своето трето учество на ЗОИ, Ставре Јада ја заврши спринт трката долга 1.6 километри и се пласира на 89 место. Со време од 3:59.56 часа македонскиот натпреварувач заостана 52 секунди во однос на Клебо од Норвешка, кој е фаворит за олимпиското злато.
За оваа трка беа пријавени 95 натпреварувачи, еден беше дисквалификуван, а еден не ја заврши целта. Јада за три дена повторно ќе се појави на олимписката патека и ќе се натпреварува во трката на 10 километри.
Во продолжение на ЗОИ во Кортина и Милано еве кога ќе настапан македонските олимпијци:
Ана Цветановска – нордиско скијање, крос-кантри
10 километри – 12 февруари, 13:00 часот
Виктор Петков – алпско скијање
Велеслалом – 14 февруари
Прва трка – 10:00 часот
Втора трка – 13:30 часот
Јана Атанасовска – алпско скијање
Велеслалом – 15 февруари, прва трка: 10:00 часот, втора трка: 13:30 часот
Слалом – 18 февруари, прва трка: 10:00 часот, втора трка: 13:30 часот.

