Фудбалерите на Манчестер Јунајтед доцна синоќа одиграа нерешено кај Вест Хем со што ја прекинаа серијата на победи во Премиер-лигата. Нивниот менаџер, Мајкл Карик, вели дека постои мало разочарување.
„Дефинитивно не го покажавме најдоброто. Малку сум лут. Имавме тежок стадион за играње и немавме доволно острина во нашите напади но, покажавме одличен тимски дух“ – рече Карик.
„Со оглед на ситуацијата во која се наоѓаме и колку долго работиме заедно, нерешениот резултат не е толку лош“ – потенцираше тренерот на „црвените ѓаволи“.

