Европскиот првак во карате за млади сениори до 21 година, Матеј Белистојаноски, во студиото на Спортско радио 90,3 ФМ, проговори за освоеното злато на Кипар како и за наредните предизвици во Премиер лигата и амбицијата да обезбеди норма за Светскиот шампионат.
„Во мојата категорија имаше многу натпреварувачи и затоа морав да одработам шест борби за да стигнам до златниот медал. Во финалетовлегов крајно мотивиран и одлично подготвен од страна на мојот тренерски тим. Не можам да опишам како се чувствував кога станав шампион“ – рече Белистојаноски.
„ Ме радува што мојот успех беше нагласен низ медиумите и во јавноста, посебно во мојот Прилеп. Тоа навистина ме прави горд. Сега сите мисли ќе ги насочам кон настапите во Премиер лигата и обезбедување на норма за наредниот Светски шампионат во сениорска конкуренција. Верувам дека ќе донесам уште медали за Македонија“ – потенцираше Белистојаноски во интервјуто за Спортско радио 90,3 ФМ.

