Тренерот на фудбалерите на Милан, Масилијамо Алегри, проговори пред денешното гостување кај Пиза во меч од Серија „А“.
„Милан има добра сезона. Почнавме со цел да се вратиме во Лигата на шампионите и моментално сме меѓу првите четири. Уште не сме постигнале ништо“ – рече тренерот на „росонерите“.
„Пиза е силна во играта со високи топки. Ќе мора да се обидеме да имаме добар пристап. Ние размислуваме само за победа“ – потенцираше Алегри.

