Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Македонија ја започнува и завршува новата сезона од Лигата на нации на домашен терен
    Фудбал

    Македонија ја започнува и завршува новата сезона од Лигата на нации на домашен терен

    risteBy riste13/02/2026No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонската фудбалска репрезентација синоќа ги дозна своите противници за претстојната сезона во Лигата на нации. За првпат ќе настапуваме во Дивизијата Б, каде во групата ќе бидеме со селекциите на Швајцарија, Шкотска и Словенија.

    Денес беше утврден и распоредот на натпреварите од групната фаза, кои ќе се одиграат во два квалификациски прозорци. Во првиот период се предвидени дури четири средби во рок од две недели, додека во вториот прозорец ќе се играат преостанатите две кола. Првиот натпревар го играме дома против Швајцарија, додека групната фаза ќе ја затвориме со Словенија, исто така на домашен терен.

    Распоредот на натпреварите на Македонија во ЛН:
    26.09.2026 сабота 20:45 Македонија – Швајцарија
    29.09.2026 вторник 20:45 Словенија – Македонија
    03.10.2026 сабота 20:45 Македонија – Шкотска
    06.10.2026 вторник 20:45 Швајцарија – Македонија
    13.11.2026 петок 20:45 Шкотска – Македонија
    16.11.2026 понеделник 20:45 Македонија – Словенија

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.