Македонскиот скијач Виктор Петков заврши на 55.позиција по двете успешно завршени трки во велеслалом на Зимските Олимписки Игри (ЗОИ).
Петков по првото возење имаше 57-мо време, додека по втората трка го поправи својот пласман и заврши како 55-ти. Неговото време по двете трки беше 2.48,37 минути за 23.37 секунди послабо од победникот Лукас Пинеиро Братен од Бразил кој го освои златниот медал. Сребрениот медал заврши кај Марко Одермат од Швајцарија која заостана за +0.58 секунди, а бронзен беше Лоик Мељард исто така од Швајцарија со +1.17 секунда зад победникот.
За Македонија на ЗОИ остануваат уште настапите на Јана Атанасовска, која ќе вози во велеслалом и слалом на 15 и 18 февруари.

