Фудбалерите на Вардар забележаа нова победа во ПМФЛ, откако на мечот со Работнички славеа со убедливи 0:3.
Дуелот меѓу скопските прволигаши беше одигран на терените на ФФМ, а Вардар го реши уште во првото полувреме откако дојде до водство со головите на Закариќ и Омерагиќ, а победата беше потврдена со уште еден гол на новајлијата Цветковиќ во второто полувреме.
Со оваа победа Вардар ја задржува предноста која ја има во однос на конкурентите Шкендија и Струга во битката за титулата.
Откако Струга направи кикс на домашен терен и загуби од Силекс со 2:3, сега Вардар има 48 бодови и е на плус 6 во однос на Шкендија со 42 бода и Струга која падна на 3.место со 41 бод.
Следното 19 коло Вардар го пречекува Башкими, а Шкендија гостува кај Силекс во Кратово.

