Тренерот на фудбалерите на Наполи, Антонио Конте, по дербито со Рома 2:2, се осврна на транспарентот кој испрати силна порака до него и играчите за време на кризата со повредите.
На истиот пишуваше: „Не знаеме каква ќе биде нашата судбина, но ќе бидеме покрај вас до крајот. И покрај многуте тешкотии, вие го почитувате дресот и градот“.
„Фактот дека тие препознаваат дека се бориме за Наполи, дека го почитуваме дресот и дека не се откажуваме, претставува јасна и прекрасна порака за момците“ – рече Конте.

