Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Домашен микс»Европска лига 2026: Одбојкарите во Струмица, одбојкарките во Скопје
    Домашен микс

    Европска лига 2026: Одбојкарите во Струмица, одбојкарките во Скопје

    sasoBy saso16/02/2026No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Машката сениорска одбојкарска репрезентација на Македонија настапот во новото издание од Европската лига 2026 ќе го започне на домашен терен, односно како еден од домаќините на првите турнири, кога од 5 до 7 јуни во салата „Парк“ во Струмица ќе ги пречека националните тимови на Луксембург и Холандија.

    Со ваквата одлука на Федерацијата, Струмица, односно хотелот „Пандев“ и салата „Парк“ остануваат базата на машката А селекција, која и минатата година на оваа локација го имаше настапот во ова европско клупско натпреварување.

    Според веќе дефинираниот распоред Македонија турнирот го отвора против Холандија на 5 јуни, ден подоцна е слободна, додека на 7 јуни ќе се соочи со Луксембург.

    Женската сениорска репрезентација, пак, во салата „Борис Трајковски“ во Скопје ќе биде организатор на еден од турнирите од третиот викенд, од 19 до 21 јуни, во Европската лига, кога ќе ги измери силите со Хрватска и Словенија. Турнирот го стартуваме со Хрватска на 19 јуни, во второто коло сме слободни, додека Словенија е противникот со кој играме на 21 јуни.

    Од оваа година Европската лига добива и ново значење и нова тежина за сите нејзини учесници, односно ја превзема улогата на квалификациски циклус за Европското првенство 2028 година.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026

    16/11/2026

    Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23

    16/11/2026

    Украинецот Захариев е освојувач на 55. „Златен Гонг“

    15/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.