Дефанзивецот на Јувентус, Пјер Калулу, проговори за извинувањето на фудбалерот на Интер Алесандро Бастони.
Токму по нивниот дуел играчот на „нероаѕурите“ падна театрално и го натера судијата Федерико Ла Пења да му покаже втор жолт картон на дефанзивецот на Јувентус.
„Не го видов ниту прочитав извинувањето на Бастони. Треба да простиме. Натпреварот заврши“ – рече Калулу кој ќе мора да паузира еден меч иако според анализата беше неоправдано исклучен.

