Ѕвездата на Ал-Наср, Кристијано Роналдо, постигна два гола во победата од 4-0 над Ал-Хазем, со што го искачи својот тим на врвот на табелата. Португалецот ги негираше гласините дека би можел да замине во текот на летото.
„Многу сум среќен. Како што реков многу пати, јас ѝ припаѓам на Саудиска Арабија. Ова е земја која многу добро ме пречека мене, моето семејство и моите пријатели. Среќен сум тука“ – вели Роналдо.
„ Најважно е да продолжиме да се бориме. Ние сме на врвот. Нашата работа е да победуваме. Во добра форма сме“ – рече играчот на Ал-Наср.

