Фудбалерот на Лацио, Николо Ровела, има скршеница на десната клучна коска, потврди клубот во соопштение кратко по синоќешниот реми без голови против Каљари во меч од Серија „А“.
Италијанецот по пет месеци започна како стартер но, принудно мораше да биде заменет во 60-тата минута.
Ровела кој одигра само девет сезонски натпревари, веројатно ќе оди на долга рехабилитација доколку биде потребна операција да се санира скршеницата.

