Бенфика откри дека УЕФА одбила да го санкционира играчот на Реал Мадрид, Фредерико Валверде, иако и бил доставен видео-материјал кога Уругваецот го удира без топка противникот, Самуел Дал.
Тоа се случи на првата пресметка меѓу лисабонските орли и „кралевите“ во елиминацискиот дел во Лигата на шампионите.
„И покрај јасните докази од видео-снимката што ја прикажува агресијата кон играчот на Бенфика, УЕФА одлучи да не преземе никакви дисциплински мерки, стои во објавата на португалскиот состав.

