Килијан Мбапе веројатно нема да биде подготвен за реваншот на Реал Мадрид од плејофот на Лигата на шампионите денеска против Бенфика, бидејќи продолжува да се бори со проблеми со коленото. Ѕвездата на кралевите чувствуваше непријатност во левото колено во последните месеци, а неодамна го пропушти натпреварот во Ла Лига со Реал Сосиедад.
Лекарите на клубот се обидуваат да го решат проблемот, а извори за ESPN изјавија дека постојат сомнежи – кои ги делат и играчот и медицинскиот тим – дали тој треба да настапи на клучниот натпревар од плејофот вечерва. Реал го доби првиот натпревар со 1-0 во Лисабон, а Мбапе го одигра целиот натпревар.

