Зоран Јовановски, кој ќе биде на Зимските параолимписки игри во Милано–Кортина 2026 заедно со членови на нашата делегација, денеска остварија средба со државниот секретар во Министерството за спорт, Сашо Огњеновски.
„Зоран Јовановски со посветеносат и храброста испиша нова страница во спортската историја на Македонија. Горди сме што за првпат ќе имаме претставник на Зимските параолимписки игри. Му посакувам успешен настап и достојно, храбро и со срце да ги брани боите на Македонија на големата олиписка сцена – рече Огњeновски.
Јовановски е првиот наш спортист кој ќе настапи на зимски параолимписки игри откако доби вајлд карта. Тој ќе се натпреварува во дисциплината слалом, класа седење ЛВ11.

