Селекторот, Кристијан Грчевски, го објави списокот на ракометарки за мартовските мечеви со Белгија во квалификациската група за пласман на ЕП.
На списокот ја нема повредената Сара Ристовска. Од повиканите 20- репрезентативки, девет се интернационалки а единаесет доаѓаат од македонските клубови.
Македонија на 4 март ќе гостува во Белгија додека вториот дуел меѓу двете земји ќе биде одигран на 7 март во Куманово.

