Тренерот на фудбалерите на Аталанта, Рафаеле Паладино, се осврна на пласманот во осминафиналето на Лигата на шампионите.
Неговите избраници вчера ја совладаа Борусија Дортмунд на домашен терен со 4-1 и успеаја да ја анулираат негативата од првиот меч во Германија кога загубија со 2-0.
„Сакам да им се заблагодарам на моите играчи, мојот персонал и на сите во клубот. Посебна благодарност до 23.000 навивачи кои нè водеа напред од првата до последната минута“ – рече тренерот на италијанскиот состав.

