Мартин Демикелис и официјално е нов тренер на шпанска Мајорка.
Аргентинскиот стратег потпиша договор до летото 2026 година со опција за продолжување за уште една сезона.
Поранешниот дефанзивец на Баерн и Манчестер Сити последната работа ја имаше во мексиканскиот клуб Монтереј, од каде што си замина во 2025 година.
Мајорка е на 18-то место по 25 натпревари во Ла Лига и до крајот на сезоната ќе се бори за опстанок, од што ќе зависи и натамошниот ангажман на Демикелис.

