Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, изјави дека неуспесите на тимот не се поврзани со повредите и отсуството на Џuд Белингам и Килијан Мбапе.
„Мбапе и Белингам како изговор? Не, ова е Реал Мадрид, а ние имаме доволно играчи за да победуваме на натпреварите и без нив. Не барам изговори“, рече Арбелоа на прес-конференцијата по натпреварот против Хетафе.
Реал Мадрид загуби со 0:1 на оваа средба, а по овој натпревар, Реал Мадрид е втор на табелата во Ла Лига со 60 бода. Барселона е лидер со 64 бода.

