Тренерот на фудбалерите на Интер, Кристијан Киву, се осврна на поразот од Милан во градското дерби во Серија „А“.
„Навистина имавме лош прв дел и неочекувано примивме гол. Не успеавме да ја наметнеме нашата игра“ – вели Киву.
„Дефинитивно недостасуваше динамика а Милан се насочи само на игра со контри. Ќе треба да се подобриме и да имаме многу посилно темпо“ – рече тренерот на „нероаѕурите“.

