Фудбалерот на Манчестер Сити, Родри, не влегува во радарот на Реал Мадрид иако неодамна се појавија такви шпекулации.
Договорот на играчот со „граѓаните“ е до летото во 2027 година а англискиот клуб му достави понуда за негово продолжување.
Според одредени наводи, неколку играчи на Сити чекаат да видат дали Пеп Гвардиола ќе остане на чело на тимот за потоа да ги продолжат договорите.

