Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Домашен микс»Министерството за спорт отвори нов спортски центар во општина Петровец
    Домашен микс

    Министерството за спорт отвори нов спортски центар во општина Петровец

    risteBy riste10/03/2026No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Министерот за спорт Борко Ристовски заедно со градоначалникот на Петровец, Борче Митевски, денеска го пушти во употреба новиот мултифункционален спортски центар во населеното место Долно Коњари.

    Овој проект е реализиран во рамките на програмата на Министерството за спорт за изградба и реконструкција на спортската инфраструктура низ целата држава. Со оваа инвестиција жители на Долно Коњари, особено младите, добија уреден спортски простор со терени за фудбал, ракомет и кошарка опремени со соодветни реквизити.
    Министерот Ристовски истакна дека вложувањата во спортската инфраструктура се важна основа за развој на спортот во сите средини и за поголема достапност на спортот за младата популација.

    „Овој простор треба да се чува и да биде место каде младите ќе спортуваат и ќе се учат на позитивни вредности што ги носи спортот. Тоа е простор наменет за сите граѓани и сите треба да се однесуваат одговорно кон ваквите објекти за тие да останат во функција и да бидат од корист за целата заедница“,  рече Ристовски.

    Министерството за спорт го реализира овој проект во соработка со локалната самоуправа на општина Петровец.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026

    16/11/2026

    Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23

    16/11/2026

    Украинецот Захариев е освојувач на 55. „Златен Гонг“

    15/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.