Атлетико Мадрид синоќа постигна четири гола во првото полувреме од натпревар од Лигата на шампионите за првпат во својата историја.
Мадридскиот тим го прегази Тотенхем со 5:2, а на полувреме водеше со 4-1.
Претходно, единствениот шпански тим што постигнал четири гола во првото полувреме од натпревар од Лигата на шампионите беше Барселона, која го стори тоа двапати во 2009 година. Исто така Атлетико (М) урна рекорд за најбрзо постигнати три гола, откако до 15-тата минута беше 3:0.

