Светскиот шампион во тешка категорија, Александар Усик (24-0, 15 нокаути), преку социјалните мрежи ги потврди следните три борби во својата професионална боксерска кариера.
Неговата следна борба предизвика многу контроверзии, бидејќи одлучи да ја брани својата светска титула во тешка категорија во WBC против кикбоксерот Рико Верховен (1-0, 1 КО), кој има само еден професионален меч и тоа пред 12 години. Неочекуваното дуо ќе се бори на 23 мај во близина на Големата пирамида во Гиза.
Две недели претходно, единствениот друг светски шампион во тешка категорија, Фабио Вордли (20-0-1, 19 КО), го брани својот WBO појас од сонародникот Британец, Даниел Дубоа (22-3, 21 КО). Усик го напушти појасот на WBO во декември 2025 година, па сега ќе го чека победникот од овој меч за свој следна борба.
Третата и последна борба ќе биде пртив Тајсон Фјури.

