Скаутите на Арсенал ги следеле настапите на централниот дефанзивец на РБ Лајпциг, Кастело Лукеба.
Германците за потписот на Французинот бараат околу 60-70 милиони евра. 23-годишникот не крие дека е заинтересиран за трансфер во Англија или во Шпанија.
Лукеба во сезонава постигна еден гол и направи една асистенција на 23 меча во сите конкуренции.

