Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Домашен микс»Завршните турнири од Купот на ОФМ по 15 години се враќаат во Скопје  
    Домашен микс

    Завршните турнири од Купот на ОФМ по 15 години се враќаат во Скопје  

    risteBy riste13/03/2026No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Финалниот турнир од Купот на ОФМ 2026 во машка и женска конкуренција по пауза од 15 години ќе се врати во главниот град, откако Извршниот одбор на Одбојкарската федерација на Македонија, одлучи истиот да се одржи од 26 до 28 март 2026 година во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје.

    Федерацијата ја задржува традицијата најдобрите четири екипи во куп-натпреварувањето кај мажите и кај дамите низ тридневна програма да ја направат распределбата на првите трофеи во сезоната.

    Завршницата од Купот во машка конкуренција ги има истите учесници како и минатата сезона, бранителот на пехарот Штип УГД, ланскиот финалист Струмица 47&72, како и ГОК Борец и Работнички 71&22. Кај девојките, пак, Наковски Волеј ќе ја брани титулата пред предизвикувачите Младост УГД, Вардар ЕМ и Газели Волеј – трите екипи испишаа клупска историја и за првпат ќе играат на еден Ф4 турнир во Купот.

    Во договор со медиумскиот партнер, Македонската радиотелевизија, која ќе врши директен пренос на сите натпревари, дефинирано е дека на 26 март ќе се играат полуфиналните натпревари во женска конкуренција со термини од 17:30 часот, односно 19:30 часот. Во истите сатници ден подоцна на програмата се полуфиналните дуели кај мажите, додека на 28 март ќе се играат финалињата. Женското финале ќе стартува во 17:30 часот, додека машкото финале ќе се игра од 19:30 часот.

    Ждрепката за полуфиналните парови во двете конкуренции предвидено е да се одржи следната седмица со присуство на претставици на екипите учеснички, а датумот, времето и местото на одржување на ждрепката дополнително ќе бидат потврдени од Комесарот за натпреварување.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026

    16/11/2026

    Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23

    16/11/2026

    Украинецот Захариев е освојувач на 55. „Златен Гонг“

    15/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.