Мајкл Овен, легендарниот напаѓач на Ливерпул, се осврна на настапите на „црвените“ во Премиер-лигата.
„Не играат толку добро во моментов. Сè уште ми е тешко да поверувам дека можете да доминирате во една сезона, да додадете неколку врвни играчи како Исак, Екитике и Вирц а сега играте полошо“ – рече Овен.
„Можеби наредната година ќе се вратат на врвот. Мислам дека Арсенал сега ќе ја освои титулата“ – беа дел од зборовите на Овен.

