Интер вчера ремизираше со Аталанта 1:1 во дербито на Серија „А“ по што „нероаѕурите“ изразија незадоволство од судиските одлуки посебно од ВАР собата и не испратија претставник на официјалната прес-конференција.
Тренерот, Кристијан Киву беше бесен и доби црвен картон поради протест против судијата Џанлука Мањаниело, кој не досуди прекршок врз Дензел Дамфрис за израмнувачкиот гол на тимот од Бергамо.
Малку подоцна, „нероаѕурите“ протестираа за пенал што не беше досуден за прекршок на Џорџо Скалвини врз Давиде Фратеси. Ќе потсетиме дека Интер исто така реагираше на судиските одлуки и по поразот од Милан.

