Фудбалерите на Јувентус доцна синоќа победија на гостувањето кај Удинезе со 1-0 а нивниот тренер, Лучијано Спалети, јавно ги пофали за прикажаното.
„Тимот се покажа навистина добро, одржувајќи високо ниво на решителност да победи. Го ставивме противникот под притисок“ – рече Спалети.
„ Денеска бевме совршени во тој поглед. Тоа го одразува менталитетот, бидејќи игравме со многу силен тим“ – беа зборовите на Спалети по големата победа во Удине.

