Навивачите на Манчестер Јунајтед прават притисок кон управата на клубот да го продолжи договорот со искусниот бразилски репрезентативец Каземиро на уште една година. На последниот меч викендов на „Олд Трафорд“, трибините кај најверните фанови на „црвените ѓаволи“ ечеа од песната „Уште една година, уште една година, Каземиро“.
Сепак, на крајот на јануари, пред речиси пред два месеци, Јунајтед потврди дека Каземиро ќе замине на крајот од тековната сезона. Тоа беше одлука на клубот, а не на играчот, да не се активира продолжување на договорот за една година.
Сега останува да се види дали клубот може да се премисли по одличниот финиш кој „ѓаволите“ го имаат во тековната сезона.

