Македонската репрезентативна во џиу-џица, Катерина Ацевска, се враќа од Европското првенство на Крит со нов бронзен медал. Таа како носител на групата во првото коло беше слободна, а веќе во второто коло се сретна со една силна противничка од Германија, по што беше поразена.
Во третото коло обезбеди победи со 9:2 над ривалка од Италија, а имаше триумф и над противничката од Хрватска во следната рунда со 14:4.
„Задоволен сум од настапот на Катерина, успеавме во конкуренција од 10 борци да дојдеме до третото место. Сепак морам да нагласам дека ждрепката не ни беше наколнета, затоа што Русинката што стана Европски шампион за 2026, пред само неколку месеци загуби од Катерина на Светското првенство во Тајланд, но тука не се сретнаа. Борецот од Хрватска во 2024 година беше Светски шампион, Катерина петпати по ред на различни турнири губи токму од неа, но вчера за првпат ја победи што укажува на подготвеноста и решителноста на Катерина. Германката која што стана европски вицешампион загуби од Катерина на минатото Европско првенство во Белгија. Задоволен сум, продолжуваме понатаму“, вели селекторот Александар Ацевски.
Катерина е втора на Светската ранг листа во моментов.

