Ливерпул доцна синоќа славеше убедливо против Галатасарај со 4-0 и влезе во 1/4 финалето во Лигата на шампионите.
Англичаните на домашен терен на „Енфилд“ успеаја да ја надокнадат негатива од еден гол по првиот меч во Турција. Тренерот на „црвените“ , Арне Слот, не крие дека е задоволен од пристапот на неговите избраници.
„Ми се допаѓаше начинот на кој игравме, начинот на кој притискавме. Единственото нешто за кое можам да се пожалам е што создадовме многу повеќе шанси отколку што сме искористиле цела сезона“ – рече Слот.

