Тренерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Мајкл Карик, очекува тешко гостување в петок кај Борнмаут во меч од Премиер-лигата на Англија.
„Црвените ѓаволи“ победија во седум од последните девет натпревари и се пробија на третото место на табелата додека тимот што го предводи Ираола е непоразен во последните пет средби.
„Имавме добри резултати дома но, тоа не значи дека е сè поправено и дека можеме да продолжиме понатаму. Тоа ни даде само поголема самодоверба“ – објасни Карик.

