Тренерот на фудбалерите на Наполи, Антонио Конте, максимално ќе ја искористи паузата за репрезентативни натпревари.
„Кориере дело Спорт“ објави дека по трите дена за одмор гледано од петочниот меч со Калјари, Италијанецот ќе продолжи да отсутвува од тренинг центарот Кастел Волтурно. Затоа, тимот од утре ќе му биде доверен на неговиот помошник, Кристијан Стелини.
Конте ќе земе малку слободно време и ќе се врати на теренот во почетокот на наредната недела заедно со 13-те играчи кои се повикани во нивните репрезентации: Мерет, Бонџорно, Спинацола, Политано, Милинковиќ-Савиќ, Оливера, Лоботка, Мектоминај, Гилмур, Елмас, Хојлунд, Де Бруин и Лукаку.

