Тренерот на фудбалерите на Рома, Џан Пјеро Гасперини, не бил задоволен од прикажаното на мечот со Лече иако неговиот тим победи со минимални 1-0.
„Газета дело Спорт“ известува дека стратегот бил многу нервозен и не се појавил пред телевизиските микрофони и на прес-конференцијата.
Клубот се обиде да објасни дека тренерот имал проблеми со гласот и затоа не бил пред новинарите но, малку подоцна сите присутни во под трибинскиот простор го слушале Гапсерини како со висок тон им се обраќа на фудбалерите во соблекувалната.

