Барселона е првиот тим што се квалификуваше за Лигата на фудбалските шампиони за наредната сезона – 2026/27.
Каталонците во текот на викендот победија против Рајо Валјекано во 29-то коло во Ла Лига додека петтопласираниот Бетис загуби од Атлетик. Сега разликата меѓу првото и петтото место е 29 бодови што значи дека Бетис и да победи во сите мечеви до крајот на сезоната, ќе стигне до максимални 27 бодови.
Тоа автоматски ги става Каталонците меѓу првите четири екипи на табелата кои ќе обезбедат виза за наредното издание на Лигата на шампионите.

